• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Поведена постапка за две лица кај кои е пронајдена дрога

by А1он20/07/2019 - 09:10287
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Јавното обвинителство осомничените на на 18 јули годинава неовластено заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин.

-Дрогата ја ставиле во возило „форд ц макс“ кое било управувано од 53-годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „фиат пунто“ се движел второосомничениот 31годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога возачот на фиат пунтото бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Со цел обезбедување на натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител, кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:55

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:53

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски10/01/2026 - 15:2910/01/2026 - 15:58

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 16:58

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен