Украина и Русија договорија размена на затвореници

Од:

Украина и Русија договорија размена на затвореници во која очекуваат дека ќе се разменат вкупно 277 лица заробени во судирот на истокот од Украина, изјави украинскиот претставник Роман Безсмертни.

Тој кажа дека Киев очекува да размени 208 руски државјани кои отслужуваат затворска казна во Украина за 69 Украинци во руските затвори, пренесоа британските медиуми.

-Најважно е дека е постигнат договор за почеток на процедурата за размена на воени затвореници, илегално задржани и осудени лица во сооднос 208 за 69, рече Безсмертни.

Безсмертни не кажа кога точно ќе се изведе оваа договорена размена, но наведе дека подготвителните процедури може да почнат за неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање