ВМРО-ДПМНЕ: Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери

Од:

„Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки” се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет. Се додека законите не важат за градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори.

Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој зна кој пат застана на страната на криминалот. Криминалната банда продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните по политичко-медиумско-криминалниот октопод.

Целта е спас на политичката кариера на еден човек, Зоран Заев. Зоран Заев е главата на новиот криминален октопод.

Токму поради оваа причина се штитат останатите поранешни и актуелни високи функционери на власта и СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал?

Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот?

Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот на чие чело е единствениот политичар во Европа кој е три пати амнестиран за криминал. Се додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Зоран Заев“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он