Се уште е рано за папа од Африка, бидејќи таму постои поголема морална строгост која не одговара на Европа, смета верскиот аналитичар, Живица Туциќ.
Папата Бенедикт XVI официјално вечера во 19 часот стана прв пап во последите седум века кој поднесе оставка на функцијата, ставајќи крај на осумгодишното владеење.
Со тоа започна периодот на празната стоилица, и процесот на избор за нов папа, од редот на кардиналите.
-Италијаните сакаат по двајцата папи кои не беа од Италија, да се избере папа од нивната држава. На тоа навикнале со векови. Многу кардинали се Италијани. За папа од Африка е многу рано. Таму владее друг морален кодекс, голема строгост која не и одговара на Европа. Во Африка постои резерва кон оние кои се разведени, кон абортусот и хомосексуалноста. Тоа се категории кои не и одговараат на Европа- истакна Туциќ.
Елена Георгиевска