(ВИДЕО) Јовановски: Власта погази се поради пари, поради многу пари

Од:

Отпорот денеска беше пред Министерството за финансии, местото каде што, велат, по „црниот“ понеделник, слободно, без мерка се задоволуваат желбите на власта, расипнички се задолжува Македонија, за да се троши за непродуктивни работи.

„Заради расипничкото задолжување, СДСМ го поднесе планот за штедење. Сакавме власта да се стави во иста позиција со народот, кој е во економска криза. Власта го отфрли планот за штедење и реши да изгази се. Изгази Устав, Закон, Деловник, се заради пари, за многу пари, кои им служат како инструмент за поддршка од јавноста.

– Ставрески мавташе со рацете за да се исфрлат на насилен начин пратениците. Тоа беше најсрамен момент за Македонија и крајно време е да се каже доста е на партиско-политичкиот пуч, доста е со задолжувањата, доста со газење на демократијата“, рече Зоран Јовановски.


Потенцираше, ако нема политички договор одат на активен бојкот. На граѓаните им порача дека излегувањето на такви избори ќе го легитимира ваквото недемократско однесување на власта која ќе продолжи расипнички да троши, останувањето дома, рече, ќе значи глас за една подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа