Електронските гиганти „Сони“ и „Панасоник“ одлучија да ги здружат силите во производството на најновите ТВ екрани.
Двете компании најавија дека 2013 ќе започнат со масовно производство на телевизори кои ќе емитуваат органска светлина (ОЛЕД).
Во последниве години двете компании се борат со своите загуби.
„Сони“ објави официјално соопштение дека двете компании ќе произведуваат најефтини ТВ дисплеи со еднинствена технологија. Се очекува дека во блиска тие да ги заменат ЛЦД екраните.