(ВИДЕО) Арсовски: На лидерската средба прва тема треба да бидат предвремени избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори. Потоа, како што изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Димче Арсовски, може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО, кои ги најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

На таа лидерска средба, додаде тој, мора да се разговара за предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа може да се разговара за се останато. Значи прва и единствена точка на разговор треба да биде предвремени парламентарни избори.

Арсовски додаде и оти кај премиерот Зоран Заев и во неговото денешно обраќање можело да се види оти нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажал дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори.

-Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори, од проста причина како што знаете целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии инт. Така што, единствен во моментот кој што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди денеска уште еднаш тоа, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски