Индија повторно ја одложи мисијата на Месечината

Од:

Индиската организација за вселенски истражувања (ИОВИ) поради технички причини го одложи почетокот на автоматизираната мисија „Чандрајан 2″ на Месечината, предвидена за ова утро, соопштија индиските власти.

„Како мерка за претпазливост, стартот на мисијата „Чандрајан 2“ е одложен. Новата дата ќе биде дополнително одредена, стои во известувањето.

ИОВИ ја објави датата и часот на почетокот пред неколку седмици. Индија е четвртата земја во светот (заедно со САД, Русија и Кина), која испратила свое летало на природниот сателит на Земјата.

Мисијата „Чандрајан 2″ е продолжение на индиската програма, „Чандрајан 1″, при што првиот апарат беше испратен на Месечината во октомври 2008 година и траеше скоро една година.

„Чандрајан 2” е посложен проект, оти вклучува и приземјување на мал вселенски брод, кој ќе го проучува минералниот состав на месечевата површина. Почетокот на програмата беше неколкупати одложена. Првично, ИОВИ го закажа за април 2018 година. Потоа беше преместено за октомври, потоа во јануари, април, мај, па јуни 2019 година.

Индија почна да развива своја вселенска програма од 1947 година, кратко време откако стана независна држава.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Одложена посетата на Месечината, поплава од теории на заговор: „Што точно кријат и зошто“

Предраг Петровиќ

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ