Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала ги погоди денеска Молучките Острови во источниот дел на Индонезија, соопшти Геолошкиот завод на САД.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту, пак, е издадено предупредување за цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од десет километри под површина на земјата, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернатеа.