(ФОТО) СДСМ Ресен: Советот без опозиција ќе биде фарса

Од:

На денешната 42. седница на Советот на општина Ресен, на дневен ред беа ставени 42 точки меѓу кои и завршната сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2012година, како и финансиските извештаи по завршните сметки на петте основни училишта во Ресен и СОУ.

Советничката група на СДСМ на претходно одржаната координација договори за прв пат пасивно да учествува во работата на седницата на Советот без ниту една дискусија и изјаснување по точките од дневниот ред.

ressen (2)

Од почетокот па се до завшувањето на седницата која ефективно траеше четириесетина минути, на седницата, велат, не слушнавме ниту една дискусија (една точка од дневниот ред-една минута читање и гласање).

„Претседателот на Советот водеше монолог кој се состоеше од читање на точките од дневниот ред.и ставање на гласање. Сите точки од дневниот ред беа изгласани експресно со 10 гласови за од страна на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. На нив како и секогаш им се придружи и советникот од НСДП, како и граганското лице од турскта националност кое беше на советничката листа на СДСМ“, укажуваат од СДСМ Ресен.

ressen (3)

Велат, советничката група на СДСМ намерно не учествуваше во дискусиите по точките од дневниот ред, за да покаже како ќе изгледа работата на Советот во општина Ресен без учество на опозиција. Денешнава седница, според нив, е е школски пример за едноумие, пример како не треба да се решаваат проблемите на граѓаните, затоа што кога немате спротиставени аргументи и мислења никогаш нема соодветно и правилно да се решат вистинските проблеми на граѓаните.

„Ова е уште еден аргумент повеќе дека изборите без опозиција ќе бидат фарса, театар во кој ќе учествува владеачката партија и вештачката опозиција која упорно се труди да ја создаде ВМРО-ДПМНЕ. Се прашуваме кој и каков легитимитет ќе има идниот Совет без советници од опозицијата“, велат од советничката група на СДСМ Ресен

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено