Петрески: Нашите барања се минимални за излез на локалните избори

Од:

Погрешна е тезата која се пласира во јавноста дека СДСМ е за бојкот, напротив партијата сака да учествува на локалните избори, но за тоа треба да се исполнат барањата на опозицијата кои не се екстремни туку минимални, рече градоначалникот на Охрид Александар Петрески, за Охридњуз.

Тој тврди дека на завчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ не била донесена одлука да се бојкотираат локалните избори, туку да се пролонгираат за да може да се исполннат бараните услови.

Мислам дека зборот бојкот погрешно се пренесува во медиумите. Сите во СДСМ, од мене до раководството и претстедателот донесовме едногласна одлука со која ги потврдивме претходните одлуки на Извршниот одбор. Самата одлука кажува дека и ние како градоначалници, раководството на партијата и коалиционите партнери сакаме да одиме на локални избори. Меѓутоа бараме минимум услови да се исполнат за да учествуваме. Значи, ние немаме одлука за бојкот, туку имаме одлука да учествуваме на изборите, меѓутоа да се направат некои работи што треба да се направат во секоја нормална држава. Тоа е она што го бара ОБСЕ да се расчисти изборниот законик и одложување на локалните избори со цел да можиме да се организираме и да настапиме на тие избори – изјави Петрески.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство