Во Индија првпат организиран ЛГБТ саем за вработување

Од:

ЛГБТ саем за вработување, кој првпат се организира во Индија, денеска привлече повеќе од 250.000 луѓе во потрага за вработување во компании, меѓу кои „Интел“, „Голдман Сакс“ и „Убер“.

Настанот во Бенгалор, во јужниот дел на Индија, беше организиран откако Врховниот суд на Индија во 2018 година го отфрли законот со кој се забранува хомосексуалноста и сега компаниите можат слободно да вработуваат луѓе кои со години биле маргинализирани.

– Пресудата од 2018 година и помогна на ЛГБТ заедницата и сега ги повикува компаниите да бидат повеќе инклузивни, изјави Шрини Рамасвами, коосновач на консултантскиот Круг на гордоста со седиште во Бенгалор, кој го организираше Саемот за вработување.

Тој рече дека сега тие компании нема да имаат изговор дека тоа е противзаконско.

– Ако не сте инклузивни, индиректно значи дека сте хомофобични, истакна Рамасвами.

На саемот учествуваа компаниите ПејПал, ЈП Морган, Дојче банк и Американ експрес, а беа понудени повеќе од 250 работни места.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март