Обвинителство не добило известување за здравјето на Јанакиески, ексминистерот останува во притвор

Од:

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за А1он вели дека обвинителството до сега нема добиено никакво известување за здравствената состојба на Јанакиески. Со оглед на тоа, обвинителството се уште не може да побара предвремено укинување на мерката притвор за ексминистерот и замена за поблага мерка на претпазливост.

На 29 јуни, Јанакиески заедно со уште седуммина осомничени за нелегална продажба на државно земјиште доби 30 дневен притвор. Поранешниот министер речиси 2 недели ја одбива затворската храна поради што, како што велат неговите адвокати, од ден во ден му се влошува здравствената состојба.

Пред неколку дена Јанакиески се пожалил на гадење и болки во бубрезите по што веднаш бил пренесен во ГОБ „8 септември“. Откако му била дадена соодветна терапија вратен е во затворот во Шуто Оризари.

Ексминистерот за транспорт и врски неколку пати до сега беше пуштан од притвор од повеќе причини меѓу кои и физичката пресметка со притворениците од „Диво Насеље“.

Би можело да ве интересира

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството поднесе жалба против малата казна затвор за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Горан Наумовски

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Oбвинителство за седум полицајци бара притвор, тројца се обезбедени со претходна постапка

Се вршат претреси во Кочани и Скопје, се одземаат електронски уреди и докази

Истрага против 27 физички и три правни лица за трагедија во Кочани

Горан Наумовски