Рускиот борач Сагид Муртазалиев е вториот натпреварувач кој ги врати освоените Олимписки медали, како дел од протестот против исфрлувањето на овој спорт од Олимписките Игри.
Муртазалиев кој освои злато во борење-слободен стил во Сиднеј 2000, вели дека бил инспириран од одлуката на седумкратниот светски шампион Валентин Јорданов, кој минатата недела го врати Олимпиското злато од Атланта 1996, до Интернационалниот Олимписки Комитет.