(ВИДЕО) Орцев: Пишев, со џогер не се брише гревот кон граѓаните

Од:

Од село Просениково пратеникот Панче Орцев му порача на Васил Пишев и на министрите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ: Миле Јанакиевски и Пешевски , да престанат да го шетаат овој наш Струмички крај, односно општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица и пред се, вели, да престанат да се обидуваат да собираат евтини политички поени на маката на граѓаните од овие 4 општини.

Состојбата, констатира е навистина многу лоша, но единствен, кривец за толку големите штети што ги имаат претрпено овие наши сограѓани е никој друг туку Владата на Република Македонија заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, затоа што една од најважните активности на оваа Влада, преку министерството за Земјоделство шумарство и водостопанство треба да биде чистењето на речните корита на каналската мрежа и поројните водотеци.

За жал, вели Орцев, иако секоја година како пратеници од редовите на СДСМ, тој и Цветанка Иванова поднесуваат амандмани со кои бараат средства од буџетот за чистење на каналската мрежа, тоа никогаш не е поддржано од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од овој крај, посебно од Васил Пишев и министерот Ставревски.

„Е па колега Пишев, лагите секогаш излегуваат на виделина. Наместо со џогер да го бришеш подот во црквата во Муртино, требаше да гласаш за тие амандмани. Со џогер не се брише гревот кон своите граѓани, а уште помалку со кандидатура за Градоначалник на Општина Струмица“, порачува Орцев.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја