ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството и судството работата под диктат на Заев

Од:

„СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон врз неистомислениците. Законите не важат за Рашковски, Дудуш и послушниците на Заев.

Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници кои се жртва на прогон на Зоран Заев.

На Заев не му е доволно да нарачува обвиненија против неистомисленици па сега се изживува врз нив.

Обвинителството и судството работата под диктат на Заев и СДСМ. Тоа најдобро го покажува и последниот случај каде што 8 обвинети во предметот Шпански скали се наоѓаат во притвор во истражниот случај со образложение дека ќе влијаат врз сведоците, а сведоците во досегашната постапка се уште не се изведени иако поминаа повеќе од десет дена“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичкиот прогон стана секојдневие. Повеќе од 10 дена четири жени се наоѓаат во истражниот затвор Шутка осудени на нечовечки и нехуман третман. Тие се жртви на прогонот на Заев, а единствена нивна вина е што ги извршувале своите работни задачи и дале мислење за предмет кој е во нивна надлежност.

Димитар Димовски кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, се само дел од жртвите на заевизмот само поради тоа што ги обелоденија катастрофалните и криминални политики од страна на власта.

Власта со злоупотреба на органите на прогонот сака да ги заплаши сите слободномислечки граѓани.

Заев и неговиот криминален картел на власт се во паника поради слабиот рејтинг и знаат дека масовно ја губат поддршката од страна на граѓаните и со монтирани случаи ја дефокусираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш преиспитување на одлуките за притвор на сите осомничени лица. Судството и обвинителството мора да се ослободат од спрегите на Заев и СДСМ и да носат одлуки исклучиво врз доказите и фактите, а не според желба на деспотот Заев и неговиот криминален картел.

Со СДСМ и Заев на власт Македонија и граѓаните губат.

СДСМ и Заев наместо подобра иднина за граѓаните донесе само неправда, криминал и нечесност на секој чекор.
Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ и Заев ќе си заминат.

На Македонија и се потребни промени“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време