„Ако мисли некој дека е нормално бивш десертер и член на терористичка организација да биде министер за одбрана, тоа не е нормално. Дали може некој да замисли во Велика Британија, бивш припадник на ИРА да стане некаков функционер во министерство за одбрана, или бивш припадник на Српска краина, да биде министер во хрватската армија“, рече Војо Чаловски кој истакна дека не припаѓа на ниту една политичка партија но ќе даде поддршка на иницијативата.