Тајланд се согласи на мировни разговори со муслиманските бунтовнички групи од југот на земјата

Од:

Тајландски официјални безбедносни претставници денеска дадоа согласност за почеток на мировните разговори со муслиманската бунтовничка група што е инволвирана во нараснатото насилство во јужните провинции од земјата , каде од 2004 година се убиени повеќе од 5.000 лица, пренесе ДПА.

Безбедносните претставниците и „Националните револуционери на Барисан“ потпишаа договор во Куала Лумпурм нњепосредно пред посетата на премиерот Јинглук Шинаватра на петтата Малезиско-Тајландска годишна средба.

Малезискиот премиер Наџиб Разак и Шинаватра очекуваат да ја проценат постојната соработка и да развијат нови иницијативи, соопшти малезиското МНР.

Лидерите се очекува да расправаат за напорите за промоција на мирот, стабилноста, просперитетот и поврзаноста во пограничниот регион, како и за соработката во работните односи, трговијата, едукацијата и туризмот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач