А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Виктор Јованов
Македонија

Началник во УБК: Грујевски ми нареди да направам извештај дека опремата за прислушување е нефункционална

by Виктор Јованов08/07/2019 - 12:1008/07/2019 - 12:113379
Share0

Сашо Трајковски, началник на сектор за комуникации во УБК во денешното сведочење во Кривичниот суд за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на нелегалното прислушување, изјави дека по усмена наредба на обвинетиот началник на УБК Горан Грујевски, во 2015 година изготвил извештај за системот за прислушување “Најс” каде пишува дека повеќе не е во состојба да следи телефонски и интернет комуникации и со оглед на тоа треба да биде уништен.

Добивај вести на вибер

Извештајот бил напишан на 17 февруари 2015 година, а системот Најс е исклучен на 27 март истата година. Една година подоцна, опозициската СДСМ ги објави првите нелегално прислушувани разговори од овој систем за следење на комуникации.

Според Трајковски не било нужно да дојде до промена на целиот систем и истиот да биде уништен, туку тој проблем можело да се реши и со замена на еден од серверите, но тоа, како што вели, не е одлука на инженерите туку на директорот и на министерството.

Обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков го запраша Трајковски како успеал да констатира дека нелегално се прислушува во Управата.

На ова Трајковски одговори дека тоа било сосема случајно по дојава за проблем во системот. Почнал да го сервисира системот и со цел да провери дали е се во ред притиснал на таргет со име „Лијаве“. Снимената комуникација започнала со емитување по што соговорникот на почетокот се обратил со „господине Рамковски“. По ова Трајковски сфатил дека станува збор за Велија Рамковски и дека истиот се прислушува без судска наредба.

По ова Мијалков ги запраша Трајковски зошто воопшто „чепкал“ каде што не му е место и како тоа од 20 илјади таргети стиснал токму на Велија Рамковски.

Трајковски одговори дека случајно го избрал таргетот „Лијаве“ и дека покрај сервисирањето, негова должност е да не се дозволат хакерски упади и поставување на таргети без судска наредба.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

sjotarget-tvrdina

Би можело да ве интересира

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 14:0013/01/2025 - 14:10

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 15:01

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 13:15

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески19/09/2023 - 14:4419/09/2023 - 14:46

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Горан Наумовски27/02/2023 - 11:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен