„Културолошка иницијатива 5 до 12“ – прво алтернативно културно лето во Охрид

Од:

Охрид првпат ќе добие алтернативно културно лето. Идејата на организаторите, НАТГ „Аматер“ и Супер радио, е да се подигне културата во летниот период, кога градот е најпосетен. Свеченото отворање е вечерва со поетската вечер „Имам нешто да ти кажам“ и акустичен настап на бендовите „Кукузел“, „Броз“ и „High4“.

Како што информираат НАТГ „Аматер“ и Супер радио, гостите од земјава и од странство, но и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна програма, но и да видат какви млади и креативни луѓе има во овој град.

– Целата идеја дојде од помислата да се подигне културната свест кај граѓаните и да има што повеќе интеракција со туристите кои престојуваат во јули и август во Охрид, затоа и овој проект го нарековме „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Подготвена е разновидна и богата програма, во која се вклучуваат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн. Секоја недела имаме подготвено барем по еден настан, почнувајќи од денеска, кога е и свеченото отворање на манифестацијата, соопштуваат организаторите.

НАТГ „Аматер“ зад себе ги има претставите: „Сите мои синови“, „Генетика на кучињата“, „Буре барут“, „Ти во седум бои“, седум години со ред учествуваат на Поетската ноќ во Велестово и на други настани. Имаат учества на фестивали и награди на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Супер радио, пак, бележи 27 години успешна работа и е популарна локална радиостаница.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Партиите продолжуваат со кампањата, уште една недела до изборите

А1он

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов