На првата дама на САД, Меланија Трамп и беше укажана чест со изработката и поставување на дрвена статуа со нејзин лик и во природна големина во близина на градот Севница во Словенија каде пораснала. Но локалното население е разочарано и вели дека статуата е голема „срамота“.
A new statue of U.S. First Lady Melania Trump unveiled in her hometown of Sevnica, Slovenia; it has brought mixed reception.
?? | #SMDRN pic.twitter.com/uXcIeCDwWG
— Salamander News (@SMDRNews) July 6, 2019
Првата статуа на Маланија Трамп ја осмисли американскиот уметник Бред Дауни и е поставена покрај реката Сава.
Статуата воопшто не личи на првата дама, но како што наведува ИТВ, барем фустанот е во светло сина боја како оној во кој се појави на претседателската инаугурација на Доналд Трамп.
New Melania Trump statue in Slovenia gets mixed reviews https://t.co/qlgjer2hZI pic.twitter.com/X9uvNof9RH
— News UK (@NewsUK8) July 6, 2019
Локалното население, иако горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не се задоволни од сличноста со Меланија Трамп.
– Воопшто не личи на Меланија. Личи на Штрумпфета. Тоа е срамота, рече еден од жителите кои се собраа на откривањето на статуата.
Melania Trump statue in her home town slammed by locals who rage ‘it looks nothing like her’ https://t.co/jWVOsExM4S pic.twitter.com/a9pATfkiix
— usatodaypost (@usatodaypost2) July 6, 2019