Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска попладнево беше приведена заедно со уште две други лица за нарушување на јавниот ред и мир на манифестацијата поврзана со вежбата „Одлучен удар“, што се одржа во центарот на Скопје, информира МВР.
Од МВР соопштуваат дека приведените лица ја попречувале полицијата во извршување службени дејства за време на настанот, не почитувајќи наредба на полициски службеници.
Против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.