Тереза Меј очекува земјава да добие датум за почеток на преговорите

Од:

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Познањ, ја поздрави препораката на Европската комисија за старт на преговорите за нашата земја со ЕУ и изрази надеж дека тоа навистина ќе се случи во октомври како што најавија повеќето земји членки на ЕУ.

Меј го информираше Заев и дека постапката за ратификација на Протоколот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во британскиот парламент е во завршна фаза.

Како што информира владината прес-служба, премиерите на двете земји изразија задоволство од одличните билатерални односи и надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи, особено во економската соработка. Притоа беше нагласен интересот на британските компании да инвестираат во Северна Македонија.

Премиерката Меј од која премиерот на Полска го презеде претседавањето на Берлинскиот процес и организацијата на Самитот за Западен Балкан, на средбата му честиташе на Заев за копретседавањето со овој процес со Република Бугарија во наредните 12 месеци.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски