Грчката Влада вети да го ревидира кратењето на средствата за спортот и ќе одделни дополнителни 11 милиони евра, за да спречи затворање на некои федерации.
Минатиот месец светските шампиони Никос и Апостолос Гунтулас ја прекинаа спортската дејност, жалејќи се дека елитни спортисти веќе не можат да си дозволат да се натпреваруваат за Грција поради кратење на средствата.
Буџетот за федерациите на олимписките спортови беше намален за 50 проценти од 2010 година досега, а кратењето со меѓу 60 и 80 проценти требаше да стапи во сила оваа година во рамки на мерките за штедење на земјата.