Реакции за Дураку: „Интернет експлорер“ му овозможи уште една функција во Владата

Од:

Лавина реакции на социјалните мрежи по одлуката на Владата, министерот Садула Дураку да биде назначен за вицепремиер. „Малку му е вицепремиер, нека го назначат и за премиер и за претседател“, „Го бива, тој е експерт за Интернет експлорер“, „Интернет експлорер му овозможи уште една функција во Владата“, се само дел од коментарите на корисниците на „Фејсбук“ и „Твитер“.

Од Владата не се премислуваат во изборот Дураку да ја извршува и функцијата заменик-претседател на Владата. Уверуваат дека тој ќе придонесе во рабоатата со неговото искуство.

„Се надеваме дека со неговото искуство ќе придонесе во унапредувањето на правата на етничките заедници и политичкиот систем на државата“, е одговорот на владиниот портпарол Муамет Хоџа на прашање зошто токму министерот Садула Дураку е избран за вицепремиер. На инсистирање на новинарите кои се предностите и најголемите достигнувања на Дураку за да биде назначен за функцијата заменик-претседател на Владатата, Хоџа само кусо рече дека одлуката била донесена на владина седница.

Дураку дојде на местото на разрешениот вицепремиер Хазби Лика кој раководеше со секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Дураку минатата недела беше назначен за министер во новоформираното министерство за политички систем и односи меѓу заедниците , а претходно беше министер за животна средина. Важи за еден од министрите кој најретко се појавува во јавноста, а очекувањата на граѓаните беа дека токму тој ќе биде опфатен со долгонајавуваната „метла“ на премиерот Заев, особено по изјавата дека тој не се бави со граѓаните како и неуспехот да се справи со енормното загадување. Дополнително, негативните реакции за изборот на Дураку се интензивираа кога јавноста го прочита неговото CV во кое наведува дека има познавања од застарени информатички технологии како „Интернет експлорер“.

Би можело да ве интересира

Министерот Дураку лани по ресторани трошел по 700 евра месечно

Мери Јордановска

(ВИДЕО) Дураку: Прашајте го Ахмети дали ќе ме сменат од министерското место

„Охрид СОС“: Ново парапетче на Охридското Езеро додека Заев нема контрола врз државата