Поведена постапка против 20-годишно лице за неовластено држење амфетамини

Од:

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека го сторило кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– При вршење контрола и личен претрес, полицијата на 3 јули, во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот, кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал, соопшти Јавното обвинителство.

Во насока на расчистување на настанот, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, се пронајдени 39 таблети метилен – диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин, а кои осомничениот ги држел неовластено заради продажба.

Јавниот обвинител ценејќи дека постојат околности кои го оправдуваат стравот од бегство на осомниченото лице, околности за попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и дека лицето ќе го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесел предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски