Саудиска Арабија одлучија првпат да им дозволат на жените натпреварувачки да учествуваат на Олимписките игри.
Во соопштението на Амбасадата на Саудсика Арабија во Лондон се наведува дека националниот Олимписки комитет „го прифати учеството на жените атлетичарки кои ќе успеат да се квалификуваат“.
Многу саудиски религиозни конзервативци се уште одбиваат жените да учествуваат во спортските активности.
Саудиските власти тврдат дека на ОИ, кои почнуваат на 27 јули, единствена жена која ќе се натпреварува ќе биде џокејот Далма Ружди Малас (18).
Саудиските спортистки ќе мора соодветно да бидат облечени за да го „зачуваат своето достоинство“.