90 илјади евра за кожени столчиња во МЕПСО

Од:

Откако кон почетоков на годинава АД МЕПСО се поднови со мебел од над 200 илјади евра, сега компанијата повторно се подновува со различни видови столчиња, за кои ќе потроши над 90 илјади. Во договорот склучен со фирмата  ОФИС и КО. ДОО увоз-извоз Скопје стои дека се купени над 400 столчиња – најскапите чинат 18.500 денари по столче, а најевтините околу 5 илјади денари без ДДВ.

Во договорот за набавка за поголем дел од столчињата со кои ќе се поднови компанијата се бара да бидат „ергономски, со висок наслон, гумирани тркала, седиштето да биде обложено со огноотпорна пена, соодветна сакрална, лумбална и торакална поддршка, фиксирање во пет позиции, а седиштето и наслонот да се тапацирани со природна кожа“.

Цените на столчињата за АД МЕПСО се движат од 5 илјади денари, се нарачуваат столчиња и од над 14 илјади денари, 50 столчиња од 15 илјади, едно столче од 18.500, а најмногу, односно 165 столчиња чинат по 9.500 денари без вклучен ДДВ. За сето ова, со вклучен ДДВ, МЕПСО ќе плати 5,6 милиони денари или над 90 илјади евра.

Кон почетокот на годинава МЕПСО се поднови и со фотелји од телешка кожа. Компанијата  склучи договор вреден 212 илјади евра, со „Леснина ми“, фирма од која беа купени кујни, канцелариски мебел и гарнитури, но во јавноста посебен впечаток оставија фотелјите од 14 илјади евра за кои беше потенцирано дека треба да бидат тапацирани со природна телешка кожа.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

Скандал во РЕК Битола: Обвинети се директори и раководители за злоупотреби со јавни набавки

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра за јавни набавки во 2024 година