[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]НАСА објави видео кое покажува дека и на Сонцето паѓа дожд, но не врнеж кој што нам ни е познат.
Имено сателитот на НАСА сними мошне топла плазма која се крева од површината на Сонцето, и паѓа повторно врз него.
Станува збор за феномент, т.н коронален дожд. Видеото е снимено минатата година, а секоја секунда од снимката трае шест минути во вистинско време.
Тоа значи дека дождот всушност паѓал десет часа.