[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Повеќе од 200 Роми од поплавената населба Средорек, привремено се сместени во училишните спортски сали во градот.
Претседателот на кризниот штаб за заштита и спасување од Куманово, Зоран Павливски нагласи дека Владата треба да помогне во обезбедување на храна за семејствата.
Поплавените ги згриживме во салите на основните училишта „11 Октомври“, „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“. Донесени се по 100 сунѓери и ќебиња од Црвен Крст, исто толку ќебиња обезбеди Дирекција за заштита и спасување и 40 хигиенски пакети од општината. За сите има и оброк, а денеска имаме најави дека и семејства од другите населби ќе добијат сместување – изјави Павловски.
Граѓаните чии што домови беа оштетени од силните врнежи кои што ја зафатија Македонија, од денес треба да пријават во општините, за надомест на штетите.