Властите во Приштина тврдат дека косовското млеко не е канцерогено

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово соопшти дека млекото и млечните производи од домашно производство содржат афлатоксин во рамките на дозволените норми од страна на ЕУ.

Директорот на агенцијата, Валдет Ѓиновци, за Косовската телевизија изјавил дека за анализа се земени четири мостри на млеко од косовско производство и оти е потврдено дека тоа содржело афлатоксин во рамките на дозволеното, што значи дека е дозволено да се консумира истото.

И претседателот на Здружението на млекопроизводители, Рамадан Мемај, изјавил дека домашното млеко е безбедно и оти од првичните анализи резултирало дека тоа содржи 0,05 микрограми афлатоксин.

– Во наредните три дена очекуваме да имаме резултати од неколку други анализи на млекото кое се произведува во Косово, кои ги испративме за контрола надвор од земјава, изјавил Мемај. Претходно косовската агенција за храна и ветеринаство ја забрани продажбата на млекото „Прималат“ и „Фаст“ од албанско производство, поради содржината на афлатоксин над дозволеното ниво.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина