Тимот на Металург си обезбеди четврто засилување за новата сезона. Се работи за Маријан Мариќ, кој потпиша двегодишен договор со „металурзите“,соопштија од клубот.
Левиот бек, висок 193 сантиметри, е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во тимот од Автокоманда доаѓа од екипата на Зрињски од Мостар (БиХ).
Хрватот е четвртото ново засилување за освојувачот на Купот на Македонија, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.