Концесионерот на Слатинско Езеро исплашен за рибниот фонд

Од:

Концесионерот на Слатинско Езеро е сериозно загрижен за последиците по рибниот фонд.

Порталот ОхридЊуз пренесува дека доколку попушти браната голем дел од рибниот фонд може да угине.

Доколку неконтролирано се излее езерото, ќе се случи најнепосакуваното. Во тој порој рибата ќе биде повлечена и ќе оди по коритото на реката Сатеска, дел ќе заврши низ нивите, а очекуваме еден дел да дојде до Охридското Езеро, но никој не може да процени сега колку риба ќе угине, вели Љубен Арнаудов, концесионер на Слатинско Езеро пренесува ОхридЊуз.

Концесионерот предложил мерки за спас на рибниот фонд, но од безбедносни причини не му било дозволено да влезе во езерото и да изврши излов на рибата.

Доколку се прави нова брана ќе мора целото езеро да се испушти. Во тој случај ќе треба да се излови рибата со влак. Постои опција дел од неа може да се пренесе во езерото кај Требеништа, или со концесионерот на Охридското Езеро да се направи договор таа риба да ја излови и да ја понуди на пазарот, а за возврат да ни компензира во нареден период одредена количина на риба, рекол Арнаудов.

Браната на Слатинското Езеро ќе мора да се санира а тоа значи и празнење на езерото со што само би се довел во прашање опстанокот на рибниот фонд.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он