Околу 10 лица, членови на грчката анархистичка група „Рубикон“, упаднаа во атинска болница во знак на протест поради смртта на болничарката од Ерменија која пред неколку дена за да избегне проверка и да биде уапсена, си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на болницата, јави дописничката на МИА од Атина.
Членовите на „Рубикон“ фрлија летоци во дворот на болницата, стигнале до канцеларијата на заменик управителот, го изразиле пред него нивното незадоволство од трагичниот настан, по што си заминале.