Писториус ја убил девојка си бидејќи била бремена од поранешното момче

Од:

Параолимпискиот спринтер Оскар Писториус ја убил својата девојка Рива Стенкамп, бидејќи била бремена од своето поранешно момче, пишува американскиот таблоид „National Enquirer“, повикувајќи се на блиски извори од истрагата.

„Полицијата верува дека кавгата меѓу Оскар и Рива започнала поради нејзиниот однос со Франсоа Хогард, нејзиното поранешно момче и пријател на Оскар. Се верува дека девојката била бремена и дека откривањето на таа тајна довело до ова случување. Се смета дека Писториус збеснал, а Рива се обидувала да го смири, говорејќи дека ништо не се случувало меѓу нив. Но за време на кавгата, она признала дека е бремена од поранешното момче, а побеснетиот Писториус најпрво ја удрил по глава со палката за крикет, а потоа испукал и четири куршуми“ – вели изворот на таблоидот.

Писториус вели дека се работел за несреќен случај и дека пукал во Стенкамп мислејќи дека има крадец во куќата. Јужноафриканските медиуми велат дека истрагата сеуште е во тек, додека Писториус минатиот петок ја плати кауцијата и е ослободен да се брани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“