А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Три лица обвинети за насилство во Чаир

by А1он03/07/2019 - 14:40288
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за сторено кривично дело – насилство, што го сториле на 20 декември минатата година, на паркингот позади маркет во Чаир.

Следете a1on на Instagram Instagram

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, во група извршиле грубо насилство врз едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото.

– За сите тројца на сила се мерки на претпазливост определени со решение на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје: забрана за напуштање на престојувалиште, повремено јавување кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за напуштање на државата, како и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот, се наведува во соопштението од Обвинителството.

На критичниот ден, од страна на непознато лице кое било заедно со обвинетите, на оштетениот му била нанесена и огнострелна повреда во десната потколеница, но сторителот не е идентификуван.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Во текот на кривичната постапка, Министерството за внатрешни работи лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје, посочуваат од Обвинителството.

Доколку Министерството за внатрешни работи, како овластен орган за утврдување на идентитетот на сторителите на кривични дела, го утврди идентитетот на лицето кое пукало во оштетениот, Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори постапка и против тоа лице.

incidentiobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 14:09

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски12/06/2026 - 12:5912/06/2026 - 13:03

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Горан Наумовски11/06/2026 - 13:15

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски03/06/2026 - 14:2603/06/2026 - 14:43

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Горан Наумовски30/05/2026 - 21:52

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Горан Наумовски14/05/2026 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто