Роџер Федерер го започна успешно учеството на „Вимблдон“, откако го порази во четири сета Лојд-Џорџ Харис – 3: 6, 6:1, 6:2, 6:2, за малку под два часа игра на централниот терен во „Ол Ингланд Клаб“.
Маестро изненадувачки го загуби првиот сет, кога младиот Јужноафриканец направи брејк на сервис на Маестро, по што беспрекорно го затвори делот за да поведе во резултатот.
Одговорот на ФедЕкс беше моментален – 6:1 во вториот сет, откако светскиот рекет број три реализира два брејка по убиствено ефикасна игра на тревата на „Вимблдон“.
Следуваше пад во играта на Харис, што го даде потребното темпо на Федерер, кој со нови два брејка поведе со 2:1 во сетови, иако младиот тенисер не се предаде лесно во третиот сет.
Четвртиот дел се разви на многу сличен и со нови два брејка Федерер ја заврши средбата за час и 50 минути игра.
Во следниот круг легендата на светскиот тенис ќе игра против Џеј Кларк.