Со хеликоптер доставена медицинска помош и вода за жителите од Злеово

Од:

 Лекови, чиста вода за пиење и медицинска помош добија денеска жителите од радовишкото село Злеово кое остана целосно отсечено со уривање на мостот на Стара река.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски и медицински тим денеска со хеликоптер дојдоа во селото за да им укажат помош на жителите кои два дена се отсечени од Радовиш и Струмица.

По согледаната состојба на терен вчера Коњановски веднаш алармирал за помош на населението.

– По согледаната состојба и комуникацијата со мештаните од два различни краја, од една страна институциите на државата, а од друга тие, кога се вратив во Скопје со Координативното тело на Владата одлучивме веднаш да испратиме медицински тим и вода за пиење. Одлучивме медицински екипи да доаѓаат се додека не се воспостави комуникација со Радовиш и Струмица бидејќи на луѓето им треба здравствена заштита, рече Коњановски.

Владата будно ќе ја следи состојбата и ќе презема мерки со цел, како што рече, луѓето да не се почувствуваат осамени.

– Ќе водиме грижа за секое населено место во Република Македонија и за секој човек кому му е потребна помош, додаде Коњановски.

Градежни екипи работат на оспособување на алтернативен патен правец Злеово – Покрајчево и, според Коњановски, најоптимистички е дека за два дена патот ќе биде оспособен, а паралелно ќе се работи и на оспособување на пат кон општина Василево.

– Целта ни е за два-три дена да оспособиме нормална комуникација на населението што живее во Злеово со Радовиш и Струмица, рече претседателот на Месната заедница Златко Стојанов

Според него, мостот на Стара река била единствена комуникација на над 1.500-те жители и состојбата во селото, како што рече, е алармантна.

– Се користат последните резерви на храна од трите продавници, но благодарение на Владата која ни овозможи барем привремено лекар и вода ќе воспоставиме нормален живот се додека не се приспособи патот Злеово – Покрајчево, истакна Стојанов.

Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка река, вчера беа урнати два моста кај селата Покрајчево и Злеово, кои на жителите им беа единствена комуникација кон Радовиш и Струмица.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите