Ристовски за протестот на СДСМ: Секој со својата одговорност пред граѓаните

Од:

Секој од нас одговара пред граѓаните за она што го прави, бидејќи тие на крајот на денот ќе оценат кој е во право и кој најдобро ги штити нивните интереси, дали оние што бојкотираат или оние што работат, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски запрашан за коментар на денешните протести на опозицијата пред Министерството со кое тој раководи.

–  Додека опозицијата протестира во изминатите неколку месеци, МТСП испрати илјада деца на бесплатен зимски одмор, обезбеди бесплатно бањска климатска рекреација за нови 10 илјади пензионери. Додека опозицијата протестира донесовме закон со кој ги покачивме пензиите и социјалните надоместоци, ги зголемвме надоместоците на децата без родители и започнавме постапка за вработување на 34 деца без родители. Граѓаните на крајот на денот треба да оценат кој придонесува за нивно подобро фунционирање и кој е во право, рече Ристовски.

Тој додаде дека правото на протест и штрајк е легитимно, но, исто така, рече, секој одговара за своите постапки и за постигнатите резултати.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер