• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

by Васко Маглешов02/07/2019 - 12:1103/07/2019 - 09:171287
Share0

Новинарот Томислав Кежаровски, на денот на неговиот 54 роденден повторно седна на обвинителна клупа во скопскиот кривичен суд, откако Врховниот суд ја укина пресудата во предметот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење.

Добивај вести на вибер

Заедно со двајцата велешки судии Валентин Зафиров и Иле Танев, поранешниот обвинител Ивица Ефремов, адвокатот Сашко Лазаров и другите обвинети, Кежаровски, кој беше осуден за откривање идентитет на заштитен сведок повторно се појави како обвинет заедно со неговото семејство во судницата. Томче го придружуваше неговиот адвокат, Филип Медарски.

Судијата Осман Шабани ги праша сопругата и ќерката на Кежаровски во кое својство се дојдени, заедно со останатите присутни од јавноста.

Адвокатите реагираа дека обвинителката Марија Ѓорѓева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција мора да достави прочистено обвинение поради асполутна застареност на кривичните дела и поради фактот што осудените ги одлежале казните.

По рочиштето, Кежаровски очекува правилност и правичност во судењето. „Очекувам дека веќе ќе има разврска целиот овој случај и дека ќе бидат познати сторителите. Наспроти заложбите на МВР да не одговара на сите оние моие барања за увид во предметот, во досието, јас дојдов до некои заклучоци, во овој момент ништо“, рече Кежаровски.

Томислав Кежаровски беше осуден по обвинение поднесено од обвинителката Лиле Стефанова затоа што во новинарски текст од 2008 година го открил идентитетот на заштитен сведок во случајот „Ореше“, судски процес за убиство на велешанецот Лазо Милошевски.

Кежаровски и адвокатите тврдеа дека нема кривично дело, затоа што сведокот воопшто не бил заштитен во моментот кога бил објавен текстот, а сведокот подоцна изјавил дека од полициски структури бил принуден лажно да сведочи.

Kежаровски штрајкуваше со глад и беше речиси два месеци во притвор. Следното рочиште е закажано за трети септември.

kezarovskilikvidacija

Би можело да ве интересира

Ликвидација на сред улица во Барселона – сомнежите се дека загина член на црногорски клан

А1он22/12/2025 - 20:45

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов28/04/2021 - 10:1128/04/2021 - 17:34

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов03/09/2019 - 13:4803/09/2019 - 14:57

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов02/07/2019 - 10:3103/07/2019 - 09:19

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов06/05/2019 - 17:1706/05/2019 - 17:21

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска01/01/2018 - 15:0001/01/2018 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен