Грчката екстремно десничарска партија Златна зора почна со држење предавања за „националната свест“ на деца на возраст меѓу шест и 10 години.
Златна зора на својата веб страница соопшти дека во канцеларијата на партијата во Артемида, источна Атика, во саботата било одржано предвање на кое присуствувале 20 деца. Според партијата, децата учеле за „грчките идеали“ и им било прикажано „едукативно видео“.
Партијата, за која на последните избори во јуни гласаа 6,9 отсто од избирачите, соопшти дека родителите биле советувани и во иднина да ги носат своите деца на предавања со кои ќе се обезбеди „повторно раѓање на грчкиот дух“.