Ивон: Политичките несогласувања итно да се решат

Од:

Искрено жалиме ако која било страна искажува став за бојкот на изборите. Треба да продолжат напорите за решавање на состојбата и за натамошно зајакнување на демократскиот процес, повика денеска британскиот амбасадор Кристофер Ивон.

– Од извонредна важност е политичките несогласувања итно да се решат, зашто ако не се случи тоа, ќе биде жално да се загрози европскиот пат на Македонија, за кој земјата има постојан поттик од Велика Британија. Затоа апелираме ова побрзо да се реши. Велика Британија гледа на Македонија како на идна земја-членка на Унијата. Членството ќе донесе значителни бенефиции и поволности за сите граѓани на државата.

– Поради тоа, ние го поттикнуваме решението на оваа криза што е можно поскоро, истакна Ивон во изјавата за медиумите на денешната презентација на резултатите од проектот „Градење капацитети на Министерството за образование и наука за професионални квалификации“.

Би можело да ве интересира

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден