Во пожар изгоре основното училиште во село Долно Српци, општина Могила

Од:

Ноќеска, еден час по полноќ избувнал пожар во основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Долно Српци, општина Могила.

Според првичните информации пожарот почнал во подкровната конструкција и ја зафатил целата зграда на училиштето која изгорела до темел и покрај навременета интервенција на пожарникарските екипи.

– Ова училиште е или беше едно од поубавите во нашата општина. Го реновиравме во 2006 година, но за жал пожарот однесе се. Училиштето изгоре до темел. Пристигнав веднаш по дојавата за пожарот, но за жал неможевме ништо да направиме. Локалната самоуправа во целост ќе помогне во ова училиште повторно да се изведува настава, изјави градоначалникот на општина Могила, Славко Велевски.

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во село Долно Српци учат 65 деца кои се очекува наставата да ја продолжат во училиштето што се наоѓа во блиското село Ивањевци.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци