Јахјага: Србија се согласи да ги распушти безбедносните сили во Северно Косово

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека Србија се согласила да ги распушти своите безбедносни сили во северниот дел на Косово, за кои Белград негира дека постојат.

Но, српските власти од своја тврдат дека нема таков договор и ги отфрлија обвинувањата дека имаат тајни безбедносни сили во Северно Косово.

Јахјага истакна дека била информирана од косовскиот премиер Хашим Тачи дека за време на преговорите, кои се водат со посредство на ЕУ, на почетокот на овој месец Србија се согласила за распуштање на овие сили.

Според неа, ваквиот договор ќе биде финализиран на следниот круг од разговорите, кој се очекува да се одржи следната недела во Брисел.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина