Што е врсничко насилство (bullying)?

Од:

roda.hr

Врсничко насилство е облик на агресивно однесување што трае подолго време, се повторува и е насочено кон исто лице.

Останати значења на врсничко насилство: намерно, свесно негативно постапување со намера другиот да се повреди, со намера да се предизвика заплашеност со секогаш присутна несразмерност на силата, насилникот секогаш има поголема сила од жртвата, однесување што со ништо не може да се оправда.

Врсничко насилство не е: еднократен инцидент што нема да се повтори, пријателска расправија, расправија или несогласување, случај или по грешка ненамерно нанесување болка, пријателско закачање, насилно решавање судир меѓу пријатели со иста сила.

Врсничко насилство е насилство во кое ученикот трајно и често е изложен на негативни постапки од страна на еден или повеќе ученици, кои намерно сакаат да го повредат, понижат или да го изложат на потсмев.

Видови врсничко насилство:

Вербално – нарекување со погрдни имиња, исмевање, омаловажување, навреди, дофрлувања;

Физичко – удирање, туркање, рушење, крадење и уништување предмети;

Социјално – озборување, избегнување, игнорирање, изолирање, ширење лаги и гласини;

Психолошко – заканувачки погледи, гримаси, исмевање, несакани допири и коментари од сексуална природа, изнудување пари, следење, уценување;

Вербално врсничко насилство врз основа на етничка припадност, религии или раси, како и понижување врз основа на полот, исто така се смета за злоупотребување.

Врсничкото насилство е широко распространет проблем. Како и кај останатите облици на насилство, злоупотребувањето дете и напаѓање жена, нерамнотежата на сила претставува основен фактор за разбирање на она што се случува. Ученик кој е посилен, поагресивен, похрабар и со поголема самодоверба од просечните ученици ги малтретира учениците кои се послаби, плашливи, несклони кон одмазда. Понекогаш постарите ученици ги злоупотребуваат помладите или новите ученици, а понекогаш за жртви се избрани ученици од различни култури или малцински групи.

Злоупотребувачите често доаѓаат од семејства во кои расправиите се решаваат на агресивен начин. Материјалната состојба не влијае значително на појавата на злоупотребување. Стилот на воспитување се покажал позначаен фактор на појавата на злоупотребување. Жртвите најчесто не се одмаздуваат откако се одбрани за жртва, па на тој начин се сметаат за сигурни цели во поглед на злоупотребувањето. Многу ученици кои се злоупотребувани или не пријавуваат злоупотребување на возрасните, или многу долго чекаат пред да го направат тоа.

Што велат експертите за злоупотребувањето?

Причината за тоа се чувство на срам, страв од одмазда поради пријавување како и страв дека возрасните не можат навреме или воопшто не сакаат да ја заштитат жртвата таму каде што вообичаено се случува злоупотребување, ходниците во училиштата, на пат во или од училиште, како и во одделението кога наставникот не е присутен. Истражувањата укажуваат на тоа дека проблемот погодува многу повеќе ученици од што за тоа се свесни родителите или наставниците.

(УНИЦЕФ)
Присутноста на возрасните битно го намалува злоупотребувачкиот однос.

Насилниците и жртвите имаат послаби оценки од просекот.

Разликите или посебностите во изгледот не влијаат на злоупотребувањето.

Истражувањата покажуваат дека селата или градовите, регионалните училишта, големината на училиштата како ни бројот на децата во одделението не претставуваат важни фактори во предвидување на појавата на насилство.

Бројот на учениците кои пријавуваат дека се жртви на злоупотребување се намалува со возраста. Значи, ако децата се постари, ретко се обраќаат за помош.

Бидејќи е чест случај младите ученици да се жртви на тие од повисоките одделенија, согледувањето на проблемот треба да почне од млада возраст, но исто така треба упорно да се поттикнуваат постарите ученици на согледување на сериозноста на проблемот и пријавување насилство.

Разлики меѓу девојчињата и машките

Машките почесто кажуваат некому дека се злоупотребувани. Кај машките злоупотребувањето е најчесто физичко, болно и лесно се забележува. Затоа не е чудно што машките на сите возрасти почесто пријавуваат злоупотребување од девојчињата, кои се во помал процент жртви на такво злоупотребување.

Машките вршат директни насилства, т. е. злоупотребување што вклучува директни физички или вербални напади.

Девојчињата многу често се на удар на врсничко насилство од страна на машките отколку обратно, т. е. девојчињата поретко ги злоупотребуваат машките.

Машките сè почесто се чинители и жртви на агресивно физичко и вербално злоупотребување од страна на врсниците. Имено, машките почесто од девојчињата се впуштаат во насилничко однесување, па поголема е веројатноста дека меѓу жртвите, но и насилниците да најдеме машки.

Поголема е веројатноста дека девојчињата ќе применат недиректни, префинети, општествени средства за да вознемируваат друго девојче. Најчесто однесување од ваков тип се исклучување од истиот круг на пријателки, манипулирање со пријателските односи, ширење злобни гласини, озборување, лажење, итн.

Меѓутоа, машките и девојчињата еднакво се соочени со проблемот на општествената непопуларност. Причина за тоа е што во општеството е еднаков бројот на тие момчиња и девојчиња кои останатите ученици не ги симпатизираат, па времето кога е одмор го поминуваат сами. Сепак, непопуларноста не значи истовремено и намерно исклучување и општествено злоупотребување.

Психички злоупотребуваат (заканувачки погледи, гримаси, изнудување, следење, уценување) еднакво и машките и девојчињата.

Кои се последиците?

Последиците од врсничко насилство се сериозни за сите три учесници на насилството: за жртвата, за насилникот и за сведоците. Нема поштедени:

Жртви на врсничко насилство се:

Несреќни деца кои страдаат од анксиозност и нервоза, имаат ниска самодоверба, која останува и во раните младешки години, се обидуваат да ги избегнуваат училиштето и дружењето, потиштеноста им е поголема во однос на врсниците.

Некои жртви на врсничко насилство се толку вознемирени што вршат или се обидуваат да извршат самоубиство. Неколку случаи на самоубиства од страна на момчиња кои биле сериозно злоупотребувани се појавиле во Норвешка во раните 80-ти години од минатиот век. Тие трагични настани доведоа до тоа таа земја да поттикне голема национална програма против насилството. Колку побрзо се спречи злоупотребувањето, толку е подобро за жртвата. Колку врсничкото насилство е подолготрајно, веројатноста од долгорочни последици е поголема. Некои последици од статистичките податоци:

20 отсто жртви не се редовни на училиште за да избегнат малтретирање

29 отсто имаат проблеми со концентрацијата

22 отсто чувствуваат симптоми на физичка болест

20 отсто имаат проблеми со спиењето

Одреден процент жртви се обидуваат или извршуваат самоубиство (16 случаи годишно во Велика Британија).

Исто така важно е да се препознаат сериозните долгорочни последици, кои се однесуваат на тие што ги злоупотребуваат:

Склони се да станат агресивни возрасни луѓе.

Почесто од своите врсници судски се казнувани.

Родители, запознајте се со врсничкото насилство и запознајте ги своите деца со овој облик на насилство:

Помогнете им да го избегнат злоупотребувањето и да побараат помош од постарите ако забележат врсничко насилство во својата околина!

Би можело да ве интересира

Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Предраг Петровиќ

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

Дебата за врсничкото насилство по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

Ана Ололовска