Фишер: Австрија е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ

Од:

Австрија е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во Европската унија, нагласи австрискиот претседател Хајнц Фишер на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, што се одржа доцна попладне во Виена.

Фишер оцени дека македонско-австриските билатерални односи се во постојана позитивна динамика и оти Австрија придава посебно значење на односите со земјите од Западен Балкан, а особено со Македонија.

Иванов, кој престојува во Австрија како учесник на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН, со својот австриски колега размени мислења за евроинтеграциските процеси во Македонија и за актуелната политичка состојба. Детално го информирал соговорникот за актуелната состојба и за неговиот личен ангажман за нејзино надминување.

Фишер, заблагодарувајќи се за добиените информации, изрази надеж дека политичките лидери во Македонија преку компромис ќе изнајдат излез од состобата и дека сите фактори во македонската држава ќе се фокусираат на зацртаната ЕУ агенда.

Шефот на македонската држава го запозна Фишер и со актуелните активности во процесот за надминување на разликата за името, како и за односите со соседите. Се заблагодарил за личниот агнажман на Фишер и за австриската поддршка за европските аспирации на Македонија. Притоа го нагласил значењето на следната фаза од евроинтеграцискиот процес за Македонија – добивањето датум.

– РМ, нејзиното општество предолго чекаат на следната фаза во ЕУ интеграцијата, почеток на пристапните преговори, исто така и за во НАТО. Ние имплементираме реформи, испорачуваме резултати, но прогрес нема што создава фрустрации во нашето општество и влијае во одредена мерка на изостреноста во политичкиот амбиент, истакна претседателот Иванов.

Австрискиот претседател изразил задоволство од повторната средба со Иванов и истакнал дека честите средби кажуваат доволно за односите меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“