Судот во Унгарија одлучува за екстрадиција на Груевски

Од:

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, во ноември минатата година.

Рочиштето е затворено за медиуми, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017-та година, за што е осомничен дека бил еден од организаторите.

Екс-премиерот на Македонија е уапсен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Груевски на сликата во судот е со капче, а се забележува дека кога бегал од Македонија имал време да ги земе и скапите очила за кои тој тврдеше дека биле само 300 евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош