Неизгасната цигара или електричен дефект можни причини за пожарот во Нотр Дам

Од:

Неизгасната цигара или дефекти во електричната инсталација се можни причини за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што се случи во април годинава, соопшти денеска Јавното обвинителство на Париз, отфрлајќи ја можноста за намерно подметнување на огнот.

– Француските истражни органи разгледуваа голем број хипотези, вклучително и неправилно функционирање на електричниот систем или оган предизвикан од неизгасната цигара, се наведува во соопштението на Обвинителството, при што се додава дека засега се уште не утврдена точната причина за избувнувањето на пожарот.

Сепак, според Обвинителството, не се пронајдени докази што би потврдиле каква било теорија дека „потеклото на огнот е од криминална природа“.

Во соопштението се посочува дека во текот на истрагата за причините на пожарот биле сослушани околу 100 сведоци.

Обвинителството најави дека врз основа на досегашната истражна постапка, сега ќе бидат покренати повеќе детални истраги за причините за пожарот, посочувајќи дека веќе е почната предистражна постапка против непознато лица за „предизвикување штета од небрежност“.

Пожарот избувна во време кога во катедралата беа вршени градежно-реставраторски работи. По пожарот, портпаролот на фирмата „Ле Бра Фрере“, која учествуваше во градежните работи, призна дека нејзини работници „од време на време пушеле“ во црквата.

– Жалиме поради тоа. Но, во никој случај цигара не може да биде причина за пожарот во Нотр Дам, изјави во април портпаролот на „Ле Бра Фрере“.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток