Во Грција живеат 537.237 имигранти, се наведува во документот на Министерството за внатрешни работи претставен пред Парламентот.
Заменик-министерот за внатрешни работи Хараламбос Атанасиу изјави дека нема начин да се избројат илегалните имигранти во Грција. Тој наведе дека властите имаат податоци само за бројот илегални имигранти кои биле приведени од полицијата или крајбрежната стража од 2008 година до денес.
Во периодот од 2008 до 2012 година биле упасени 557.900 илегални имигранти.