Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри нацрт закон за итна финансиска помош од 4,5 милијарди долари за илјадниците мигрантски семејства и деца без придружба кои се задржани откако влегле на територија на САД од Мексико.
Нацрт законот беше прифатен со помала сума од бараната.
– Гарантираме дека децата ќе имаат храна, облека, санитарни материјали, заштита и медицинска грижа. Обезбедуваме достап до правна помош и заштитуваме семејства, изјави Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом по гласањето.